Вести Најважни Свет

Трамп: Киев мора да се откаже од Крим и од членство во НАТО за крај на војната или Зеленски може да продолжи да се бори

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на денешните состаноци со украинскиот колега, Володимир Зеленски и дел од европските лидери во Вашингтон, порача дека Киев мора да се согласи на некои од руските услови за крај на војната, меѓу кои се откаже од Крим и од членство во НАТО.

„Претседателот Зеленски може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да продолжи да се бори. Сетете се како започна. Нема враќање на Крим, кој Обама го даде (пред 12 години, без испукан куршум!), и нема влез на Украина во НАТО. Некои работи никогаш не се менуваат“, напиша Трамп на социјалните мрежи, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Трамп во праката наведе дека денеска е „голем ден“.

„Никогаш не сме имале толку европски лидери во исто време. Голема чест ми е да ги дочекам“, додаде Трамп.

Состанокот со Трамп во Белата куќа го потврдија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а се очекува во Вашингтон да отпатуваат и францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, премиерката на Италија, Џорџа Мелони претседателот на Финска, Александар Стуб и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Тие изразија загриженост дека денешниот состанок ќе се сведе на притисок од Трамп врз Зеленски за прифаќање на условите на Путин, што рускиот претседател ги постави за време на средбата на Алјаска во петокот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за платите

Sasko Dimovski

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари – горивата со нови цени од полноќ

Sasko Dimovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе