Вести Свет Топ вести

Нетанјаху: Хамас е под огромен притисок

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека Хамас е под огромен притисок, откако палестинската организација соопшти дека го прифатила последниот предлог на арапските посредници во преговорите за примирје во Газа, предлог за кој Израел допрва треба да се изјасни.

„Разговарав со министерот за одбрана и шефот на Генералштабот за нашите планови за Газа и комплетирањето на нашите мисии. Исто како и вас, и јас ги слушнав извештаите во медиумите и од нив добив само еден впечаток, Хамас е под огромен притисок“ изјави Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел.

Во меѓувреме израелската операција во Газа продолжува следејќи го планот на владата за окупација на истоимениот град во појасот. Планот за проширување на воената операција со окупација на Газа предизвика жестоки реакции од меѓународната и домашната јавност во Израел, која стравува за животите на преостанатите заложници на Хамас.

„Хамас, за првпат после неколку недели одбивање да разговара за било каков предлог за ослободување на заложниците, дури и кога Турција и Катар посредуваа, одеднаш е на масата, без јасна причина. Но, причината нам ни стана јасна во преговорите, а тоа е нивниот страв дека имаме сериозна намера да ја окупираме Газа. Соочени со оваа алтернатива тие сега се подготвени да разговараат“ изјави  Кац, министерот за одбрана на Израел.

За разлика од нив, САД повторно застанаа зад Израел, а претседателот Доналд Трамп  порача дека заложниците ќе бидат ослободени само откако Хамас ќе биде уништен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе