Вести Најважни Свет

(ВИДЕО) Полиција со солзавец против демонстрантите во Ваљево и Белград

Демонстрант во количка за хендикепирани ги мие очите откако полицијата употреби солзавец.

Нови протести во Србија. Полицијата во Белград и Ваљево употреби солзавец против демонстрантите кои се на протести против државниот апарат на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Протестите се вжештија пред 4 дена кога припадници на партијата на Вучиќ во Бачка Паланка и Врбас почнаа да ги напаѓаат демонстрантите со пиротехника. Два дена подоцна, полицијата брутално претепуваше тинејџери легнати на улица.

Денеска најголеми протести има во Ваљево каде беа демолирани партиското седиште на партијата СНС, тамошното обвинителство кое треба да ја истражи полициската бруталност, имаше напад и врз полициската станица и врз општина Ваљево.

Во Србија е тим на ТВ Телма, а новинарот Огнен Чанчаревиќ и снимателот Наум Пуленџоски известува за протестите и за последната употреба на солзавец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за платите

Sasko Dimovski

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари – горивата со нови цени од полноќ

Sasko Dimovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе