Вести Македонија Најважни

Полицајци тропнале на врата кај Ивановска – сакале да ѝ достават покана за распит за кривична пријава од февруари

Полицајци синоќа ја барале поранешната претседателка на Антикорупциска, Билјана Ивановска да ѝ дадат покана за испитување во врска со кривична пријава поднесена во февруари годинава. Ова го соопшти Ивановска која вчера на прес-конференција објави дека влегува во изборната трка како дел од „Независни заедно“.

„По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам. Имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци“, вели Билјана Ивановска.

Од кого е пријавата и за кое дело, Ивановска засега не знае. Не открија ниту од скопското обвинителство. Информираа дека пријавата е поднесена пред шест месеци од граѓанин, а пратена ѝ е пред кандидатурата.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18.02.2025 година и презема дејствија за да ги провери наводите. Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од обвинителството е испратена на 25.07.2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата“, информираат од ОЈО Скопје. 

Ивановска до вчера ниту знаела дека има пријава против неа. Кој проценил дека е соодветно поканата да ѝ ја врачат полицајци на врата, наместо преку пошта, од обивнителстовто велат дека начинот на достава е избор на обвинителот што го работи предметот во конкретниот случај обвинителката Адела Бојчевиќ. Тврдат дека дека испраќање покани преку МВР се користи често, бидејќи има проблем со редовност достава од редовната пошта.

Колку би патувала преку пошта не се знае, затоа што обивнителот одлучил да ја употреби полицијата. Преку МВР биле потребни три недели. Но, од обвинителството велат не им била целта да стаса брзо, туку на време – пред распитот и на точна адреса.

Телма праша и во МВР, зошто дури вчера се обиделе да ѝ ја достават поканата на Ивановска, ако од обвинителството е испратена на 25 јули. Од таму испратија ни одговорија:

„Ве известуваме дека поканата од ОЈО во СВР Скопје е пристигната на 06.08.2025. На 08.08.2025 во Полициска станица Центар е примена, по што на 14.08.2025 полициски службеници биле на домашна адреса кај лицето, но не било дома. Наредниот ден (15.08.2025) лицето дошло да ја подигне поканата во Полициска станица“, ни одговорија од МВР.

„Ова не е само притисок врз Билјана Ивановска. Ова е закана кон секој од нас кој верува во независен глас“, реагираа од „Независни за Карпош“, а сомнеж врз постапувањето на надлежните  фрлија и дел од правниците на социјалните мрежи.

Обвинителството, пак, на крај реагираше со понуда за Ивановска, ако го чувствува како некаква форма на притисок, исказот да се одложи до завршување на изборите.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

СДСМ не ја прифати поканата на Левица за состанок за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Распишана меѓународна потерница по Александар Лазаров, кој избега преку прозорец од кочанската Полициска станица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе