Вести Свет

Се сретнаа Стармер и Зеленски пред разговорите Трамп-Путин

Британскиот премиер Кир Стармер се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон денеска, додека Европа се подготвува за самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.

Стармер разговараше со Зеленски откако рече дека Велика Британија е подготвена да го „зголеми притисокот“ врз Русија доколку е потребно.

Трамп ѝ се закани на Русија со „сериозни последици“ ако рускиот претседател отфрли мировен договор.

За време на телефонскиот разговор со американскиот претседател и европските сојузници вчера, Стармер го пофали Трамп за неговите напори да создаде „вистинска можност“ за завршување на војната.

Сепак, се изразија загрижености во врска со исклучувањето на Зеленски од самитот Трамп-Путин утре во Алјаска.

-Средбата во петок, на која ќе присуствува претседателот Трамп, е исклучително важна. Како што му кажав лично на претседателот Трамп, во три и пол години колку што трае овој конфликт, не сме се приближиле до перспективата за вистинско решение за прекин на огнот. А сега ја имаме таа можност благодарение на напорите што ги вложи претседателот, рече вчера Стармер.

„Важно е да ги потсетиме колегите дека сме подготвени да го зголемиме притисокот врз Русија, особено врз економијата, со санкции и посеопфатни мерки, доколку е потребно, додаде тој.

Стармер и европските лидери постојано наведуваат дека дискусиите за Украина не треба да се водат без учество на Киев.

Од друга страна, американскиот претседател претходно призна дека прекинот на огнот може да вклучува „размена“ на територија.

Се верува дека едно од барањата на рускиот лидер е Украина да отстапи делови од Донбас што сè уште ги контролира.

Сепак, Зеленски веќе ги отфрли сите предлози што би го нарушиле територијалниот интегритет на Украина, што е забрането со уставот на земјата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе