Заменичката на израелскиот министер за надворешни работи, Шарен Хаскел, изјави дека податоците на Обединетите нации за гладот во Газа се „лажни“. Според неа, ОН ги земаат предвид само своите извештаи, исклучувајќи ги податоците од други меѓународни организации и независни фондации.
Изјавата беше дадена за време на организирана посета на граничниот премин Керем Шалом, каде што се следи испораката на хуманитарна помош.

Над 100 невладини организации предупредија дека новите израелски правила за работа на хуманитарните групи ќе го ограничат пристапот до неопходна помош во Газа и на Западниот Брег.
Израел ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека во средата во појасот Газа влегле 380 камиони со помош, иако хуманитарните организации бараат најмалку 600 камиони дневно за да се одговори на потребите на населението.

Меѓувреме, болнички извори јавуваат за сè поголем број смртни случаи од неухранетост, а повеќе држави ја споменаа влошената хуманитарна состојба како причина за поддршка на признавањето на палестинската држава.
Израел воведе нови мерки за олеснување на доставата на храна, вклучувајќи воздушно доставување помош и прекини во воените операции во одредени области.
