Вести Свет

Зеленски и лидерите на ЕУ со онлајн повик до Трамп пред самитот со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се приклучи на онлајн состанок со лидерите на Европската Унија и американскиот претседател Доналд Трамп, во обид да го засилат притисокот врз Вашингтон пред претстојниот самит на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.

Нивната цел е да нагласат дека не смее да има никакви договори без директно учество на Украина, особено не договори што би вклучувале промена на нејзините граници.

Зеленски веќе предупреди дека какво било откажување од источните делови на Донбас би било опасен преседан и „покана за нови напади“.

Загриженоста кај сојузниците расте по изјавите на Трамп дека „размена на територии“ би можела да биде дел од мировен договор.

Самитот во Алјаска, како што најави Белата куќа, ќе биде „состанок за размена на ставови и предлози“ за американскиот претседател, но Киев стравува од договор склучен зад негов грб.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе