Вести Свет

Стејт департмент: Се влошува состојбата со човековите права во Европа

Американскиот Стејт департмент во својот најнов годишен извештај ги осудува сериозните влошувања на човековите права во клучни европски држави како Германија, Франција и Велика Британија, со фокус на ограничувањата на слободата на изразување.

Извештајот ја отсликува променетата насока на надворешната политика на САД под администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Во делот посветен на Франција, се наведуваат „веродостојни информации за сериозни ограничувања на слободата на изразување“ и се алармира за зголемени случаи на антисемитизам.

За Велика Британија, критики предизвика новиот закон за интернет безбедност, за кој американските власти сметаат дека ја загрозува слободата на говорот под изговор на заштита на децата.

Анонимен висок претставник на американската влада најави отворени дискусии со европските сојузници за она што Вашингтон го дефинира како „цензура или ограничување на одредени политички или религиозни ставови“.

Потпретседателот Џ. Д. Венс веќе во февруари, на Минхенската безбедносна конференција, предупреди на слични трендови во Европа.

Овој годишен извештај, кој традиционално се објавува напролет, годинава беше доработен и изменет за да ги одрази новите приоритети на администрацијата на Трамп, бидејќи дел од документот бил подготвен за време на мандатот на претходниот претседател Џо Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе