Германскиот канцелар Фридрих Мерц нагласи оти европските лидери, на виртуелниот состанок попладнево, го повикале претседателот на САД, Доналд Трамп да работи на мирот во Украина кој ги штити украинските и европските безбедносни интереси.
Говорејќи го пресрет на средбата Трамп – Путин во петок на Аљаска, Мерц рече дека Украина е подготвена да преговара за територијални прашања, но „оти правното признавање на руската окупација не е предмет на расправа“.
„Ако САД сега работат на мирот во Украина кој ги штити украинските и европските безбедносни интереси, може да сметаат на наша целосна поддршка во тој процес“, изјави Мерц на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател, Володимир Зеленски во Берлин.
