Вести Свет

„Гардијан“: Прашање е дали Трамп ќе се држи до договорот со ЕУ во разговорите со Путин

Главна цел на европските лидери на виртуелниот состанок со Трамп попладнево беше да добијат цврсти гаранции од, како што го опишуваат дипломатите, непредвидливиот претседател на САД дека нема да биде намамен во давање на неповратни ветувања кои од Украина би налагале територијални отстапки како цена за согласност од Путин за прекин на огнот, анализира британски „Гардијан“.

Еден европски дипломат рече „состанокот главно минал охрабрувачки, бидејќи успеавме да ги пренесеме нашите ставови, но останува прашањето дали Трамп ќе се држи до договорениот план кога ќе влезе во соба со Путин“.

Европјаните, исто така, се обиделе да добијат цврсти гаранции дека Трамп и натаму е подготвен да искористи досега неупотребени екомонски мерки кои би можеле да наштетат на руските приходи и да влијаат врз проценката на Путин за сопствените преговарачки позиции.

Иако европските лидери внимателно го поздравија самитот со Трамп во јавност, во приватните разговори стравуваат дека Трамп е одлучен да ги подобри односите меѓу САД и Русија,а губењето на украинскиот суверенитет го гледа како нужна и неизбежна цена за постигнување на таа цел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе