Вести Свет

Фон дер Лајен: Никој не сака повеќе мир од нас

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен соопшти дека е одржан „многу добар“ разговор со американскиот претседател, Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери во пресрет на самитот Трамп – Путин на 15 август на Аљаска.

Според неа, се разговарало за подготовките за билатералната средба на Аљаска и било истакнато единството на Западот по прашањето за поддршка на Украина.

„Разменивме мислења за претстојниот билатерален состанок на Аљаска. Денеска ЕУ, САД и НАТО го засилија заедничкиот јазик за Украина. Ќе продолжиме да дејствуваме во блиска координација. Никој не сака повеќе мир од нас, праведен и траен мир“, изјави Фон дер Лајен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе