Русија изрази надеж дека претстојната средба меѓу претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе придонесе за нормализирање на односите меѓу двете земји.
– Се надеваме дека средбата на високо ниво ќе даде поттик за нормализирање на билатералните односи, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, пренесуваат руските медиуми.
Средбата меѓу двајцата лидери е закажана за петок, 15 август, и ќе се одржи во американската сојузна држава Алјаска.
Претходно оваа недела, рускиот претседател Путин во Кремљ го прими специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф. По разговорите, помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, потврди дека Москва и Вашингтон се договориле за директна средба меѓу лидерите.
