Вести Свет

По убиството на новинарите на Ал Џезира во Газа- колегите во Карачи излегоа на протест

Новинарите во Пакистан организираа протест во Карачи денеска, осудувајќи го убиството на новинари во Газа од страна на израелските сили, јави АП.

Држејќи транспаренти и извикувајќи слогани против Израел, групата ја повика меѓународната заедница да го спречи Израел да ги таргетира новинарите во тековната војна меѓу Хамас и Израел.

Камерманите ги спуштија своите камери во чест на дописниците на Ал Џезира Анас ал-Шариф, Мохамед Крејкех, снимателите Ибрахим Захер и Мохамед Нуфал и хонорарниот снимател Момен Алива и хонорарниот новинар Мохамед ал-Халиди – тие сите беа убиени во израелски воздушен напад во неделата.

  • „Мислам дека ова е најголемиот број жртви во последните децении, а денешниот протест е протест против убивањето на младите новинари и сниматели на Ал Џезира и начинот на кој Ал Џезира беше цел на Израелците, тоа е без преседан“, рече Мазар Абас, поранешен секретар на Федералниот сојуз на новинари на Пакистан.

Во нападот во недела загинаа вкупно осум лица, вклучувајќи шест новинари и двајца други цивили, според болницата Шифа. Застапниците на печатот го опишаа нападот како дрзок напад врз оние што ја документираат војната.

Израелската војска ја презеде одговорноста за нападот. Ова се случи помалку од една година откако претставници на израелската армија првпат ги обвинија дописникот Анас ал-Шариф и другите новинари на Ал Џезира дека се членови на милитантните групи Хамас и Исламски џихад, обвинување што Ал Џезира и Ал-Шариф претходно го отфрлија како неосновано.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе