Вести Свет

Две кинески пловила се судриле во Јужното Кинеско море

Две пловила на кинеската воена морнарица и крајбрежната стража се судриле за време на инцидент со филипинската крајбрежна стража во спорните води околу Скарборскиот гребен. Гребенот кој се наоѓа во Јужното Кинеско море и покрај северниот брег на Филипините е изобилно место за риболов, што е причина за интензивирање на поморскиот спор меѓу Филипините и Кина околу тоа во чии територијални води припаѓа гребенот. Инцидентот настанал кога бродови на кинеската крајбрежна стража и морнарица се обиделе од водите на гребенот да избркаат брод на филипинската крајбрежна стража, но се судриле меѓу себе. Освен двете земји, врз делови од него право полагаат и Виентам, Малезија, Брунеи и Тајван.

-Се надеваме дека овој инцидент ќе ја убеди кинеската влада да ги почитува правилата. Многу пати предупредувавме дека извршувањето опасни маневри на отворено море ќе предизвикаат поморски инцидент или недоразбирање, и токму тоа се случи, изјави  Џеј Тариела – Портпарол на филипинската Крајбрежна стража.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Иран наскоро ќе биде поразен

Kristina Kuzmanovski

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе