Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер ја погоди западна Турција денеска попладне, со епицентар во близина на градот Баликесир, објави турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Земјотресот бил на длабочина од 11 километри и предизвика сериозно вознемирување кај населението.
Потресот бил почувствуван не само во Баликесир, туку и во Истанбул, како и во поширокиот регион на Мармара и долж Егејското крајбрежје.
Станува збор за еден од посилните земјотреси што го погодиле овој дел од Турција во последните месеци.
Според првичните информации, засега нема извештаи за повредени или за значителна материјална штета.
Надлежните служби се на терен, го следат развојот на ситуацијата и упатуваат апел до граѓаните да останат смирени и да ги следат официјалните препораки.
