Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот регион на Курилските Острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил регистриран на длабочина од 10 километри, но засега нема информации за повредени лица или материјална штета.
Курилските Острови, кои се наоѓаат во сеизмички активен појас, често се погодени од земјотреси, но властите во моментот не издадоа предупредување за можна цунами опасност.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
