Вести Свет

Погребана украинската новинарка Викторија Рошчина која почина во руско заробеништво

Во Киев се одржа погребот на 27-годишната украинска новинарка Викторија Рошчина, која почина додека била во руско заробеништво.

Комеморацијата започна со молитва во Соборниот храм „Св. Михаил“ и продолжи со проштална церемонија на плоштадот „Мајдан Незалежности“.

Рошчина работеше за телевизијата „Хромадске“ и беше позната по своите извештаи од судовите, случаите поврзани со Мајдан и антикорупциски истраги. По почетокот на руската инвазија, таа документирaше воени злосторства во окупираните територии.

Двапати беше заробена од руските сили, а вториот пат – во август 2023 – остана во притвор до нејзината смрт.

Нејзиното тело беше вратено во февруари оваа година, без идентификација и во лоша состојба, со знаци на тешка тортура.

Според колегите, Викторија никогаш не била формално обвинета и целиот период била лишена од човекови права – без контакт со надворешниот свет и без здравствена грижа.

Колеги новинари од Украина и странство започнаа заедничка иницијатива – „Проект Викторија“, со цел да ја истражат нејзината смрт и да ги идентификуваат одговорните.

Случајот предизвика силни реакции во украинската јавност, како и меѓу новинарските здруженија во Европа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин со возило влечеше цариник на Блаце и побегна – уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе