Вести Свет Топ вести

Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз градот Газа

Израелскиот кабинет за безбедност го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за преземање на контролата врз градот Газа од страна на Израелските одбранбени сили (ИДФ), објави рано утрово кабинетот на премиерот.

Според планот, ИДФ ќе влезе во северниот дел од енклавата, а воедно ќе им обезбеди хуманитарна помош на жителите надвор од борбените зони, објави „Тајмс оф Израел“. Операцијата би можела да бара масовна евакуација на околу 800.000 луѓе, објави „Тајмс оф Израел“.

Планот на Нетанјаху ги предвидува т.н. „пет принципи за завршување на војната со Хамас“, кои вклучуваат разоружување на тоа палестинско милитантно движење, враќање на сите заложници – живи и мртви, додека се проценува дека 20 од 50-те заробени се живи, потоа демилитаризација на Појасот Газа, израелска безбедносна контрола врз енклавата и воспоставување алтернативна цивилна влада која не е Хамас или Палестинската самоуправа.

Канцеларијата на израелскиот премиер соопшти дека повеќето министри го отфрлиле алтернативниот план на началникот на Генералштабот на ИДФ, Ејал Замир, кој се спротивставил на окупацијата поради ризикот по животите на заложниците и можните хуманитарни последици.

Газа Сити сочинува околу 25 проценти од територијата на Појасот Газа што сè уште не е заземена од ИДФ, вклучувајќи неколку бегалски кампови во централниот дел од енклавата, каде што, според израелските проценки, се држат преостанатите заложници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе