Од 1 јануари 2026 година, бонусот за бебе, што во Албанија почна да се исплаќа во 2019 година, целосно ќе ја промени својата форма, па така наместо чек што се дава еднаш при раѓање, родителите ќе имаат корист од месечен износ за секое дете до петгодишна возраст.
За прво дете ќе се исплаќа 5 илјади леки над 50 евра месечно или 618 евра годишно за второ 7 илјади леки 72 евра или 865 евра годишно и 10 илјади леки (103 евра месечно или 1237 евра годишно за трето дете.
Врз основа на владината програма, што почна да се реализира од јануари 2019 до минатата година, родителите на првородено дете добиваа по 40 илјади леки, за второ 80.000 и 120.000 леки за трето дете, независно каде живеат родителите-албански државјани, додека од минатата, само оние кои постојано живеат во Албанија.
Новата владина програма за месечен надоместок експертите од оваа област го сметаат за позитивен чекор, кој „би можел малку да ја подобри благосостојбата на семејството и да биде поттик за младите луѓе да основаат повеќедетни семејства“.
Во Германија пак веќе е познато дека за секое дете, на секое семејство, државата одделува по 250 евра месечно до 18 години или доколку се запише на факултет, до завршувањето на образованието. Ова на едно семејство, доколку не ѓи троши средставата му овозможува заштеда за своето дете кога ќе биде полнолетно околу 54 000 евра како отскочна даска во животот. Оваа пракса покажува дека Германија се грижи за секој жител во земјата.
