Вести Свет

Градот беше уништен, загинаа 140.000 луѓе – 80 години од атомската бомба на САД врз Хирошима

Со минута молчење додека ѕвоното за мир заѕвони во 8:15 часот наутро, времето кога американскиот Б-29 ја фрли бомбата врз градот Хирошима, Јапонија ја одбележа 80-годишнината од атомското бомбардирање на САД во 1945 година. Бомбардирањето на Хирошима на 6 август 1945 година го уништи градот и уби 140.000 луѓе. Втората бомба фрлена три дена подоцна врз Нагасаки уби 70.000 луѓе. Јапонија се предаде на 15 август, со што заврши Втората светска војна и речиси половина век агресија на Јапонија во Азија.

„Поминаа 80 години откако заврши војната. Го загубив сопругот и роднините од двете страни поради атомското бомбардирање. Бидејќи е 80-та година, решив да дојдам“, изјави вдовица од Уџина.

„За 10 години и 20 години нема да има никој што би зборувал за ова тажно и болно искуство. Затоа сакам да споделам што е можно повеќе“, рече Минору Сузутоу, 94-годишен преживеан од атомсксото бомрадирање.

Годишнината доаѓа во време кога поседувањето нуклеарно оружје за одвраќање е сè повеќе поддржано од меѓународната заедница, вклучително и Јапонија. Јапонската влада го отфрли барањето на преживеаните да го потпишат Договорот за забрана на нуклеарно оружје или да присуствуваат на неговите состаноци како набљудувачи, бидејќи е под заштита на нуклеарниот чадор на САД. Стотици демонстранти, пак, се собраа на денот на годишнината, барајќи целосно укинување на нуклеарното оружје и крај на војните.

„Тука сме да ги оплакуваме жртвите од атомското бомбардирање; да се спротивставиме на јапонскиот премиер, кој се залага за заедничко нуклеарно одвраќање и присуствува на комеморацијата, да апелираме комеморативната церемонија да не стане средство за величење на жртвите од атомската бомба како „херојски духови“ и да се бориме против војната и нуклеарното оружје, како и да се спротивставиме на притисокот кон војна. Затоа сме тука“, вели Јуко Накагава, демонстрант.

Некои преживеани рекоа дека се разочарани од неодамнешното оправдување на американскиот претседател Доналд Трамп за нападот на Вашингтон врз Иран во јуни, споредувајќи го со атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки, како и од благиот одговор од јапонската влада.

Кристина Николова Кузмановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети пак не успеа да гласа, одложено гласањето на Закон за правична застапеност

Tea Dimkovska

Овчата сипаница се шири низ истокот – опфатени бачила во четири општини

Tea Dimkovska

Јавен повик, тајни понудувачи, се уште не се открива кои компании се јавиле на повикот за нови автобуси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе