Роберт Ф. Кенеди Џуниор, актуелниот директор на Министерството за здравство на САД, објави дека се прекинуваат 22 проекти за развој на вакцини, во вредност од 500 милиони долари, со што се укинува федералното финансирање за вакцини против респираторни вируси како КОВИД-19, грипот и H5N1, кои користат мРНК технологија.
Оваа одлука е најновата во низата контроверзни потези на Кенеди, кој пак е познат критичар на вакцините.
Од преземањето на функцијата, тој ги повлече препораките за КОВИД-вакцините, го распушти советодавниот панел за вакцини и одби јавно да ги поддржи вакцинациите и покрај влошувањето на епидемијата на мали сипаници.
Во видео објавено на неговите социјални мрежи, Кенеди ја критикуваше мРНК технологијата и ја образложи одлуката за прекин на договорите со водечки фармацевтски компании како „Фајзер“ и „Модерна“.
Стручњаците за заразни болести предупредуваат дека ваквиот потег може сериозно да ја загрози способноста за справување со идни пандемии, бидејќи мРНК вакцините се покажаа како клучни во борбата против КОВИД-19.
