Кривична пријава протива претседателката на собранието Ана Брнабиќ, поднесоа пратениците на српското Собрание – Шаип Камбери, Ахмедин Шкријељ и Минела Календер за „поттикнување национална, верска и расна омраза“, јавија белградските медиуми.
Пријавата следува по нејзината изјава во која, зборувајќи за протестите во Нови Пазар, таа, меѓу другото, рече: „Го слушнавме извикот „Алаху Акбар“ и други одвратни работи“, објавија Bujanovacke.co.rs, пренесе Бета.
Кривичната пријава е поднесена до Високото јавно обвинителство во Белград, според член 317 од Кривичниот законик на Србија, што се однесува на поттикнување омраза и нетолеранција врз основа на национална, верска и расна припадност.
Камбери истакна дека говорот на омраза не смее да остане само политичко прашање, туку, како што изјави, мора да се третира како прашање на законитост и правда.
Тој оцени дека реченицата на Брнабиќ „не претставува ниту лапсус ниту погрешно толкување, туку, како што изјави, „свесно таргетирање на муслиманската заедница и обид за ставање на религиозниот идентитет во негативен контекст“.
Според него, овој потег не е политичка одмазда, ниту сензационализам.
„Тоа е повик за правда и обид за воспоставување преседан – дека никој, дури ни претседателот на собранието, не може неказнето да шири говор на омраза“, рече Камбери.
