Американскиот претседател Доналд Трамп планира средба со неговиот руски колега, Владимир Путин на почетокот на наредната недела, пренесе „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на двајца неименувани извори.
Потоа, Трамп би требало да се сретне и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и дека за сето тоа се запознати и европските лидери кои учествуваа во телефонскиот разговор меѓу Зеленски и Трамп, објави „Ројтерс“.
Трамп претходно денеска објави дека бил постигнат голем напредок на денешните преговори меѓу неговиот специјален пратеник Стив Виткоф со рускиот претседател Путин во Москва кои траеја три часа.
