Од 13 септември годинава, во Грција стапува во сила нов сообраќаен закон со значително построги казни, кој ќе важи за сите возачи – вклучително и за странски државјани и туристи од Македонија.
Најстрого ќе казнува користењето мобилен телефон додека се вози, што се смета за еден од најчестите причинители на несреќи.
За прво прекршување при користење телефон зад воланот, возачот ќе биде казнет со 350 евра и ќе му се одземе возачката дозвола на еден месец.
Второто прекршување носи 1.000 евра и шестмесечна забрана за возење, додека третото носи казна од 2.000 евра и забрана од една година.
Ако употребата на мобилен резултира со сообраќајна несреќа, казната може да достигне 4.000 евра, одземање на дозволата до 8 години, а во случаи со повреди или смрт – предидени се казни од 10 до 20 години затвор, па и доживотна казна.
Македонските граѓани кои планираат патување во Грција мора да бидат внимателни – новите правила важат без исклучок, а полицијата има право веднаш да го задржи возилото и да ги одземе документите.
Важно е навреме да се информираат и да се избегнува какво било користење на мобилен додека возат.
