Вести Свет

Русија и Кина одржуваат заеднички поморски вежби во Јапонското Море

Русија и Кина спроведуваат заеднички поморски вежби во Јапонското Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Вежбите вклучуваат симулирани мисии за спасување подморница, одбивање воздушни напади и борба против замислен непријател.

Во рамки на маневрите „Maritime Interaction“, кои се одржуваат од 2012 година, руските и кинеските морнари заеднички изведуваат потрага и спасување, противподморнички и вежби за противвоздушна одбрана.

Во вежбите се вклучени воени бродови, подморници и авијација од двете земји.

Контингентот од Кина го сочинуваат разурнувачите „Shaoxing“ и „Urumqi“, подморница на дизел-електричен погон и бродови за снабдување и спасување, додека Русија учествува со бродови како Адмирал Трибутс, Громки и подморницата Волхов.

Вежбите доаѓаат во период на сѐ подлабоко партнерство меѓу Пекинг и Москва, во услови на западни санкции кон Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екоорганизации бараат Владата итно да ги повлече концесиите за геолошки истражувања во 27 општини – предупредуваат дека се крши законот за минерални суровини

Tea Dimkovska

Расте интересот на читателите за класиците

Дејан Дејан

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе