Вести Свет

Историски договор: Австралија избра јапонски фрегати во вредност од 10 милијарди австралиски долари

Австралиската влада го избра јапонскиот модел фрегата „Mogami“ на компанијата „Mitsubishi Heavy Industries“ за новиот морнарички проект, склучувајќи договор вреден 10 милијарди австралиски долари (околу 6,5 милијарди американски долари). Оваа одлука претставува значаен чекор во зајакнувањето на билатералните односи меѓу Австралија и Јапонија.

Министерот за одбрана на Австралија, Ричард Марлс, изјави дека договорот претставува „многу значаен момент во билатералните односи“ и е доказ за продлабочената стратешка соработка меѓу двете земји.

Јапонската фрегата победи во конкуренција со германската „MEKO A-200“ од „Thyssenkrupp Marine Systems“.

Првите три фрегати ќе се градат во Јапонија, со испорака кон Австралија во 2029 година и целосна оперативна способност во 2030 година. Останатите осум ќе се произведуваат во Австралија, што ќе придонесе и за развој на домашната индустрија.

Од Токио, генералниот секретар на јапонската влада, Јошимаса Хајаши, изјави дека договорот ќе ја унапреди јапонската способност за изградба на воени бродови и е дел од пошироката соработка со Австралија и САД.

Очекувањата се договорот официјално да се финализира во 2026 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екоорганизации бараат Владата итно да ги повлече концесиите за геолошки истражувања во 27 општини – предупредуваат дека се крши законот за минерални суровини

Tea Dimkovska

Расте интересот на читателите за класиците

Дејан Дејан

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе