Врховниот суд на Бразил нареди куќен притвор за поранешниот претседател Жаир Болсонаро, обвинет дека стоел зад обид за државен удар по загубените избори во 2022 година. Судијата Александар де Мораес донесе одлука поради кршење на претходните мерки.
Со новата мерка, Болсонаро останува под електронски надзор, со забрана за контакти освен со семејството и адвокатите. Обвинителството го товари дека предводел група што планирала да ги поништи изборните резултати, вклучително и наводни планови за ликвидација на актуелниот претседател Лула да Силва и судијата де Мораес.
Случајот предизвика протести од неговите поддржувачи, а дополнителна тензија внесе и одлуката на Доналд Трамп да воведе 50% царина на бразилски производи, директно поврзана со процесот против Болсонаро. Судскиот процес продолжува во политички напната атмосфера.
