Вести Свет Топ вести

Израел го бомбардирал седиштето на Црвената полумесечина во Газа, обвини хуманитарната организација

Црвената полумесечина денеска го обвини Израел дека го бомбардирал седиштето на организацијата во Појасот Газа, соопштувајќи дека загинал еден вработен а тројца други биле повредени. Хуманитарната организација објави видео на кое се гледа пламен и чад од тешко оштетената зграда на нејзиното седиште во јужниот град Кан Јунис. Израелската армија негираше дека биле спроведувани било какви операции во тој дел на Појасот.

Во меѓувреме, продолжува отежнатата достава на хуманитарна помош во Појасот, но и покрај обиди да се зголеми протокот со достава преку воздух, ООН предупредуваат дека во Газа започнало да се остварува најлошото сценарио.

Децата страдаат од неухранетост поради гладот. Нема доволно нутритивни суплементи и затоа децата се неухранети. Неколку деца хоспитализиравме за опсервација поради екстремна неухранетост и недостаток на нутритивни суплементи, вели сузан маруф, лекарка од газа.

Хуманитарната ситуација е дополнително комплицирана поради комплетното безредие и насилството кое избива во и околу центрите за дистрибуција на помошта во Појасот. Од интензивирањето на напорите за достава на помош во Газа кон крајот на мај до сега 1.373 цивили биле убиени додека додека се обидувале да стигнат до хуманитарната помош, објавија ООН, потенцирајќи дека најголем дел од нив биле застрелани од израелски војници.

Тоа што сега го гледаме е дека дури и да влезат камиони на ООН, бидејќи ситуацијата веќе е толку очајна, многу од нив, ако не и сите се ограбуваат. Гледаме многу, многу повредени кои доаѓаат од локациите каде што влегуваат камионите, луѓе кои биле прегазени, луѓе кои биле застрелани од израелските војници, а гледаме и вооружени банди исто така, вели керолајн вајлмен, проектен директор на „лекари без граници“.

Според Тел Авив хаосот кој владее околу центрите за дистрибуција на помош е поттикнат од Хамас и инсистира дека неговите војници не отвораат намерно оган кон цивилите.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе