Вести Свет Топ вести

Велика Британија ќе ја признае палестинската држава доколку Израел не се согласи на прекин на огнот

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави дека Велика Британија ќе ја признае палестинската држава во септември, доколку  Израел не се согласи на прекин на огнот во Газа и не преземе дополнителни чекори кои ќе придонесат кон долгорочен мир.

Стармер ги повика министрите на редок летен состанок на кабинетот за да разговараат за ситуацијата во Газа.

Тој им рече дека Велика Британија ќе ја признае државата Палестина пред Генералното собрание на Обединетите нации„освен ако израелската влада не преземе суштински чекори за да ја прекине ужасната ситуација во Газа, не се согласи на прекин на огнот, не стави јасно до знаење дека нема да има анексија на Западниот Брег и не се обврзе на долгорочен мировен процес што ќе обезбеди решение за две држави“.

Велика Британија долго време ја поддржува идејата за независна палестинска држава што постои покрај Израел, но рече дека признавањето треба да дојде како дел од договореното решение за конфликтот со две држави.

Притисокот за формално признавање на палестинската државност се зголеми откако францускиот претседател Емануел Макрон објави дека неговата земја ќе стане првата голема западна сила што ќе признае палестинска држава во септември.

„Секогаш велев дека ќе ја признаеме палестинска држава како придонес кон соодветен мировен процес во моментот на максимално влијание врз решението за две држави. Со оглед на тоа што тоа решение сега е под закана, ова е моментот да се дејствува, па денес, како дел од тој процес кон мир, можам да потврдам дека Велика Британија ќе признае Палестина како држава, до Генералното собрание на Обединетите нации во септември, освен ако израелската влада не преземе суштински чекори за да се стави крај на ужасната ситуација во Газа, да се согласи на прекин на огнот и да се посвети на долгорочен одржлив мир, оживувајќи ја перспективата за решение за две држави“ изјави Кир Стармер.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе