Балкан Вести

Ни по 50-тиот обид не се конституира косовското собрание

Седницата на косовското Собрание денеска повторно не успеа да се конституира, по педесетти пат. И покрај тоа што парламентарните избори се одржаа на 9-ти февруари, сè уште нема договор меѓу Движењето Самоопределување и другите партии за формирање комисија за тајно гласање за кандидатката за претседател на Парламентот, Албулена Хаџиу.

На денешната седница присуствуваа 104 пратеници, од кои 53 гласаа „за“, без гласови „против“ или „воздржани“. Претседателот Авни Дехари повторно ги прекина говорите на пратениците Елми Речица од ПДК, Арменд Земај од ЛДК и Тиме Кадријај од ААК. Седницата траеше само неколку минути, а пратениците се поканети повторно да се состанат за 48 часа, на 23 јули.

Останува уште една недела до истекот на рокот утврден со одлуката на Уставниот суд од 26 јуни, според која Собранието мора да се конституира во рок од 30 дена. Членовите на косовското Собрание имаат уште три обиди да го конституираат новиот законодавен состав.

Адвокатот Валдет Хоџа предупредува на нова криза доколку пратениците повторно не успеат да го конституираат Собранието по овој рок, бидејќи пресудата не предвидува како да се постапи во таков случај. Експертите за правни и политички процеси исто така предупредуваат на можна нова криза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе