Вести Македонија Најважни

Од Извештајот за Македонија се вадат македонски јазик и идентитет

Трите најголеми групи во Европскиот парламент, наместо амандман со придавката „модерен“ пред македонскиот јазики и идентитет, се договориле од Извештајот за Македонија, кој треба да се најде пред европратениците идната недела, да се избрише споменувањето на македонски јазик и идентитет. Ова на својот фејсбук профил го објави бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, според кого теми за идентитет и јазик не им е место во извештај за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ.

„На барање на групата на Европската народна партија, трите најголеми партии во Европскиот парламент – Европските народни партии, социјалдемократите и Обновување (либерали), синоќа се согласија да ги отстранат од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија сите референци за „македонски идентитет“ и „македонски јазик“. Очекувам дека овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП следната недела на пленарна седница“, напиша Ковачев на Фејсбук.

За Ковачев, ваквите теми водат кон неединство и ја отвораат Пандорината кутија, што е потврдено, како што напишал, со постојаните изјави на владеачката партија во Македонија, особено од премиерот Христијан Мицкоски за вековниот македонски идентитет и јазик.

„Нескриената цел на властите во Македонија беше во пресрет на локалните избори, да покажат некаков неверојатен триумф над „источниот сосед“ и со тоа да објаснат зошто би направиле некои козметички измени во нивниот устав и делумно би ги вклучиле Бугарите во него“, напиша Ковачев.

Според него, и покрај невидениот притисок и лобирање, таков преседан не треба да биде дел од извештаите на Европскиот парламент или на која било друга европска институција.

На одлуката на најголемите групи во Европскиот парламент македонскиот јазик и идентитет да бидат тргнати од Извештајот за земјава, реакција стигна и од премиерот Мицкоски, според кого, тоа се прави на талибански начин, обвинувајќи ја за тоа претходната власт.

„На талибански начин се брише и македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Извештајот во Европа. Тоа дочекавме како народ во 21. век. Ете тоа го дочекавме. Тоа ни го направија Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите“, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, бришењето на македонскиот јазик и идентите од Извештајот е исто толку лошо како да е додадена придавката „модерен“ пред нив.

„Буквално е подеднакво лошо“, рече Мицкоски.

Но иако ќе се бришат од конечниот Извештај, за Мицкоски позитивно во целата работа, е што Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои предлог-извештајот за земјава со наведување во него на македонски јазик и идентитет. Тие во компромисните амандмани усвоени од Комитетот минатата недела се споменуваат во четири наврати, во контекст на нивно признавање и почитување.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе