Вести Најважни Свет

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Најголемите американски ривали, како Кина и Русија, ја загрозуваат и доведуваат во прашање моќта на САД во сите области, рече американскиот потпретседател Џеј ди Венс.

„Со растечката конкуренција на Русија, на Кина и на другите земји, ерата на неспорна доминација на Вашингтон е завршена“, изјави неодамна Венс, во говор пред дипломците на Поморската академија во Анаполис, во Мериленд.

Тој истакна дека американските лидери по Студената војна претпоставиле дека „американскиот примат“ е загарантиран. Меѓутоа, ситуацијата во изминатите децении се измени, а клацкалата се помести кон другата страна, а економската моќ се концентрира во Азија.

„Не верувавме дека било која странска нација ќе може да се издигне и да се натпреварува со Соединетите Американски Држави“, рече Венс.

Венс нагласи дека САД по Студената војна уживале главно неспорна контрола над воздухот, морето, вселената и сајбер просторот.

„Денеска се соочуваме со сериозни закани во Кина, во Русија и во други земји, одлучни да нè победат во секоја област – од хоризонтот, преку ниската орбита на Земјата, до нашите ланци за снабдување, па дури и нашите комуникациски инфраструктури. Во периодот по Студената војна, Вашингтон почнада се фокусира на „мека моќ“ и „мешање во работите на странските земји“, дури и кога тие имале „многу малку допирни точки со основните американски интереси“, вели Венс, додавајќи дека администрацијата на Трамп сака да го заврши „тој децениски стар пристап во надворешната политика“ и целта сега е да завршат „недефинираните мисии“ и „отворени конфликти“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе