Култура Свет

Ана Винтур повеќе нема да биде главен уредник на американскиот „Вог“

По 37 години Ана Винтур повеќе нема да биде главен уредник на американскиот „Вог“, но ќе остане главен директор за содржини на списанието што го издава компанијата „Конде Наст“ и глобална директорка на уредништвото на „Вог“, објави  Би-Би-Си.

Винтур е главен уредник од 1988 година, а вчера ги информираше вработените дека „Вог“ ќе започне со потрага по нов уредник.

Британската кралица Елизабета II ѝ ја додели титулата „Дама“ за нејзиниот придонес во модата и новинарството во 2017 година, а на почетокот на оваа година, кралот Чарлс ѝ додели уште една награда „Companion of Honour“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

(видео)„Бог, секс и ЕУ овие три работи не можете да ги предвидите“, одговори Еди Рама на прашањето кога Албанија ќе се приклучи на ЕУ

Дејан Дејан

„Ако 13 години не сме примиле нови членки, пропустите лежат и на страната на Европската Унија“ рече Мерц и најави промена на процесот на проширувањето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе