Вести Македонија Најважни

Ексминистерот Бектеши во домашен притвор

Крешник Бектеши, поранешниот министер за економија веќе е во домашен притвор, откако судот во Кочани уште вчера го прифатил предлогот на обвинителството да му се замени мерката. Зад решетки повеќе не е и поранешната  државна секретарка во економија, Размена Чекиќ Дуровиќ. Два месеци тие беа во притвор во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Бектеши се гони дека во 2021 година ставил потпис на првата лиценца за угостителски објект која ја извадила фирмата „Класик ДМ“ која тогаш раководела со дискотеката. Но, прашање е како е издадена кога објектот не бил угостителски и не ги исполнувал законските одредби и потребните минимални технички услови.

На наредната лицена за вршење на угостителска дејност на дискотетката од 2023 ќе се потпише Чекиќ Дуровиќ. Таа се гони и за примање на поткуп. Кога ќе се случи пожарот дискотеката ќе има фалсификувана лиценца.

За други 18 други осомничени за кои е предложено продолжување на претходно определниот притвор и куќен притвор кочанскиот суд ќе одлучува деновиве, односно најдоцна до 20 мај треба да се произнесе кога истекува рокот.

Во меѓувреме и судијка од Велес ќе биде префрлена во судот во Кочани со цел да се намали проблемот со недостиг на судии во градот.

Од обвинителството вчера соопштија и дека тимот кој постапува во предметот за трагедијата во “Пулс”  привршува со распитот на сведоци. Притоа информираа и дека интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Во пожарот во дискотеката животот го загубија 62 лица, а речиси 200 беа повредени.

Марија Митевска

Лиценците за „Пулс“ биле со комплетна документација, тврди адвокатот Миланов, кој ги брани екс министрите Бектеши и Незири

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе