Вести Македонија Најважни

Таравари ја напушта Владата – неговата Алијанса за Албанците оди во опозиција

Лидерот на крилото од Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство, Арбен Таравари, синоќа соопшти дека партијата едногласно одлучила да ја напушти Владата и да премине во опозиција. Одлуката е донесена на состанок во Тетово поради, како што рече Таравари, неисполнетите ветувања и критики од граѓаните.

Тој додаде дека неговата партија ќе побара нов мандат од граѓаните на претстојните локални избори во октомври. Причина за напуштањето се и несогласувањата со коалициските партнери од „Вреди“, особено околу излегувањето со сопствени листи за советници.

И покрај шпекулациите за можни договори со ДУИ, Таравари нагласи дека нема официјална соработка со ниту една партија. Најави средби со премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче во наредните денови.

Таравари потврди дека тие веќе се во оставка и ќе го напуштат владиниот состав штом се изберат нови членови.

Касами: Здравство најверојатно за кадар на ВМРО-ДПМНЕ, за „Вреди“ друг ресор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе