Вести Најважни Свет

Почна тридневниот прекин на огнот што го објави Путин

Утрово стапи на сила тридневниот прекин на огнот кој го прогласи рускиот претседател Владимир Путин а во пресрет на одбележувањето на Денот на победата во втората светска војна.

Рано утрово е релативно мирно во украинските градови. Сепак, украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала насочувани бомби врз регионот Суми, неколку часа по почетокот на примирјето.

Украина не се обврза на прекин на огнот, оценувајќи дека потегот на рускиот претседател Владимир Путин е симболичен и има за цел да создаде лажен впечаток на волја за мир.

Претседателот Зеленски повтори дека Украина останува отворена за 30-дневен прекин на огнот, идеја зад која претходно застанаа и САД.

Прекинот на огнот доаѓа по серија смртоносни руски напади, со беспилотни летала и балистички ракети во кои според украинските извештаи се убиени поголем број цивили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе