Вести Најважни Свет

Индија го нападна Пакистан – најмалку 26 убиени

Индија истрела ракети преку границата кон територија контролирана од Пакистан на најмалку девет локации рано утрово, а пакистанските власти велат дека најмалку 26 лица се убиени. Индија соопшти дека напаѓала инфраструктура што ја користат милитантите.

Земјата, исто така, тврди дека има жртви и на своја страна откако Пакистан возврати со оган во делот од Кашмир контролиран од Индија. Тензиите меѓу соседите кои располагаат со нуклеарно оружје се зголемија поради милитантниот напад врз туристите од минатиот месец во делот контролиран од Индија.

Индија го обвини Пакистан за поддршка на милитантниот напад, што Исламабад го негира. Индија воведе санкции за казнување на Пакистан откако го обвини за поддршка на нападот во Пахалгам. Регионот е поделен меѓу Индија и Пакистан од 1949 година, а двете страни имаат желба да воспостават контрола врз областа во целост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе