Вести Македонија Најважни

Случајот со првата антикорупционерка Димитровска во графата „матни“ – барометар на „Транспаренси“ за април

Транспаренси интернешенл ја објави анализата за месец април во која случаите кои се предмет на разгледување ги дели на „Матни и бистри“. Како матни за месец април ги издвои случаите со претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска која е осомничена за оддавање на службена тајна на обвинет во предметот „Адитив“.

Од Транспаренси посочуваат дека делото за кое се сомничи го почнала само три месеци по нејзиниот избор. Потоа случајот со земање на мито за изготвување на документација за наводни прегледи, контроли и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице. Поранешна докторка од Клиниката за уво, нос и грло во Скопје е во центарот на шемата.

Измамата со брзи кредити во која 43 луѓе фалсификувале лични податоци на граѓани, а во тоа им помагал вработен во ФЗО. Директорот на Геријатрија кој преку посредник земал 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице. Уапсениот инспектор Ангел Самараков од личното обезбедување на Мицкоски кој сакал да продаде тајни документи за 50.000 евра.

Како бистар случај е предистрагата на Обвинителството за дупката од 7,3 милиони евра во Агенцијата за одземен имот што ја откри Државниот завод за ревизија и кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници од Кочани и Штип.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе