Вести Македонија Најважни

Мицкоски: Таравари има две опции – ние или ДУИ

Владата ќе биде стабилна и доколку Таравари одлучи да си замине од неа, изјави денеска премиерот, во пресрет на средбата со министерот и претседател на Алијанса за Албанците (AA). Ќе разговараат за актуелните случувања, откако собранието на оваа партија одлучи да настапат на изборите со сопствени листи за советници и градоначалници, а подоцна беа исклучени од коалицијата „Вреди“.

Смета дека Таравари има две опции – да остане во оваа Влада на реформи и промени или да се приклучи кон опцијата што повеќе од две децении ја криминализираше државата и ги уништуваше институциите.

  • „Што се однесува до моите лични односи со Таравари, во политиката ние комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за него, но во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш. Тука нема флуидни варијанти. Или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам во неговиот случај најмалку три пати сум покажал и сум го држел зборот. Имало моменти кога можеби имало дилема во рамките на раководството на партијата. Заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат од глава на оние кои ги прават“, истакна Мицкоски.

Таравари, пак, изјави дека ќе ги слушне аргументите на премиерот и потоа партиските органи ќе проценат како да дејствуваат понатаму.

  • „Имаме состанок со премиерот Мицкоски, ништо посебно не е. Ние тоа што сме го поминале на Централно претседателство е дека АА ќе има сопствени советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде излегуваме. Ќе го слушнеме премиерот и ќе процениме како продолжуваме натаму“, изјави Таравари

Премиерот вчера изјави дека за него е неприфатливо некој да соработува со ДУИ и да остане во владата. Таравари, пак, денеска и самиот рече дека, во случај на соработка со која било опозициска партија, тие ќе ја напуштат владата.

Доколку се случи тоа, и претседателката Сиљановска смета дека нема ништо да се промени во функционирањето на владата и дека нема да има потреба за предвремени избори заедно со локалните, меѓу другото, затоа што и овие избори успешно го отсликуваат расположението на граѓаните, а понекогаш се и лакмус за тестирање на успешноста на власта.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе