Вести Македонија Топ тема

Топ Тема (15.04.2025) Интервју со државниот обвинител Љупчо Коцевски

Јавното обвинителство веќе има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител, а потоа и пред судија на претходна постапка“, истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски и додаде дека истрагата се проширува.

Во вечерашната Топ Тема на Телма тој меѓудругото рече дека целата документација требало да биде прибрана и врз основа на таа документација, министерот дава лиценца.

„Во конкретниот случај (пожарот во дискотеката Пулс во Кочани) нема потполна и законита документација. Тоа е верижната реакција во однос на издавањето на лиценци, затоа што министерот, поточно сите министри не ги почитувале законите и издале лиценци кои не биле потполни и немале законска документација“, вели Коцевски.

Целата емисија можете да ја гледате во линкот долу

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Помина една година, а конфекциите Фермактекст и Европа Фешн не им исплаќаат платите и придонесите на работниците- пријавено е и во МВР

Дејан Дејан

(видео)Патничко возило изгоре на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе