Од бизнисот бараат промени во Законот за нефер трговија, кој треба да стави крај на проблeмите со цените. Велат – одредени работи во него се недефинирани и поради тоа се јавуваат потешкотии во работењето кај трговците, производителите и дистрибутерите. Генерално сметаат дека повторно треба да се разгледа ограничувањењто на маржите и повратот.
„10% да не дојде до недоразбирање е предвидено да ние како трговски ланци немаме право да побараме од страна на добавувачите повеќе од 10%. Морам да разјаснам една ситуација тие проценти 10% или над 10% се проценти кои што се даваат за услугитешто добавувачите и производителите ги добиваат кај нас. А тоа може да бидат тв реклами, учество во летоци, учество во радио и наградни игри, така да се е тоа на база на заеднички договор кој што е во согласност со двете страни“, вели Петар Денковски.
Од Владата велат дека ваков закон прв пат се носи во државава. Сметаат дека можеби не е идеален, но дали и каде има потреба од измени ќе покаже примената.
„Ние заедно со КЗК тука е вклучена и пазарната инспекција во делот на одредени ингеренции и одговорности, ќе го пратиме законот и имплементирањето на законот во соработка со бизнис секторот пред се со производителите, добавувачите па и маркетите, ќе видиме дали во блиска иднина ќе треба да се променат одредени делови и членови во законот“, вели Марјан Ристески- заменик министер за економија и труд
Овој закон почна да се работи уште во времето на минатата влада. Кога стапи на сила се даде период на адаптација. Потоа се одлучи да нема казнување туку само опомени. Комисијата за заштита на кокуренцијата се доекипираше со плус членови за да се прават проверки. Планот е да се стави крај на проблемте со цените кои веќе подолго време дивеат во маркетите. За да се намали притисокот, продлжи трендот на мерки. Последно беше новогодишната кошничка која пак заврши пред два дена, но се појавија компликации. Сега, додека да се донесе нова од бизнисот не можат да гарантираат дека нема да има нов скок на цените. Властите пак апелираа да се задржат цените за да нема поригорзни мерки како замрзнување на цени и маржи.
Симона Петровска