Вести Економија Најважни

Цените под полн гас, платите во лер

Сумата за која пораснала просечната плата покрива само половина од зголемените основни месечни трошоци. Од статистиката може да се види дека минатата година, односно од јануари до декември, синдикалната минимална кошничка се зголемила за близу 6.000 денари, а само  трошоците за храна и пијалаци за над 2.000 денари.

Од друга страна пак според последните податоци односно од октомври 2023 до октомври 2024 година, просечната плата скокнала за нешто над  3,000  денари. Па, од ова може да се види дека износот е доволен само за да се покријат зголемените трошоци за храна.

Синдикална минимална кошничка

Јануари      2024 година  57.163 денари

Декември  2024 година  62. 861 денари

Зголемување- 5.698 денари

 

Храна и пијалаци

Јануари      2024 година    21.007 денари

Декември  2024 година    23.075 денари

Зголемување – 2.068 денари

 

Просечна плата

Октомври 2023 година  38.843 денари

Октомври 2024 година  42.134 денари   

Зголемување – 3.291 денари

Од извештаите на статистика може да се види дека често најголемо поскапување кај храната има кај зеленчукот.

Анализата на ССМ покажува дека во декември лани во однос на ноември, најмногу поскапеле зелката и пиперките, околу 50 отсто.  Компирот за над 30 проценти, марулата за 28 отсто.

Од млеко и млечни производи пак најголем скок на цените имало кај одредени видови кашкавал.

Во меѓувреме,  ССМ се бори да се качи минималната плата која сега изнесува 22.567 денари и повеќе не е доволна да ги покрие месечните трошоци за храна и пијалаци кој според последните пресметки изнесуваат над 23 илјади денари. Односно толку пари му се потребни во месецот на едно четиричлено семејство само да се прехрани.

Сега,  се чека да има нов состанок на претставниците од Владата, работодавачите и синдикатите кој би требало да се одржи до крајот на месецов и да се разговара за ново покачување на минималната плата. Со законското зголемување кое треба да се случи во март нема да се достигне износот од 450 евра кој синдикатите го бараат уште од пред изборите минатата година.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Дејан Дејан

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе