Вести Македонија Најважни

Дамева: Мицкоски да докаже или да се извини за тврдењето дека во Судски совет се фалисфикувале записници

Власта нема слух за подобрување на состојбата во судството и цело време го опструира а премиерот и политичарите од владеачката гарнитура постојано говорат негативно за судскиот совет и судиите рече  Весна Дамева и поднесе неотповиклива оставка  од претседателската функција за да го заштити како што кажа личниот интегритет и мирот и спокојстовото на семејството.

-Претседателот на Владата токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам, има некави кланови и се фалсификуваат записници. Заради заштита на угледот на Судскиот совет и во насока на законито постапување, јавно го повикувам Претседателот на Владата на Република Северна Македонија да ги достави доказите веднаш до ОЈО кои како што од собраниската говорница наведе дека ги има, а се однесуваат на фалсификување на записници во Советот, во спротивно сметам дека треба јавно да се извини на Советот. Во телевизиско гостување истакна и дека на нашето место, на местото на постојаните членови на советите, треба да дојдат „нивни“ луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. И ова, во една демократска држава е многу сериозно, да не речам поразително рече Дамева.

Во оставката Дамева го спомена и пратеникот Антонио Милошоски дека и се заканил со кривична одговорност во телевизиско интервју. Тоа е недозволива закана што може да биде протолкувана како став и на партијата од која доаѓа смета Дамева.  Таа на политчарите им порача Имуна сум на вашите закани. На судиите кои не ја заслужуваат тогата и се додворуваат на политичари им порача- не си играјте со огнот а на чесните судии кои не доагаат од тефтерчињата  да ја заштитат независноста на судската власт  .

-Судиската функција не е занает, не е трговија, таа значи правораздавање, тоа ниту се купува ниту се плаќа. Имајќи го предвид огромниот број судии кои правораздаваат, очекувано е во наредниот период сами да почнат да се одважуваат и тој канцер од нивните редови, напоменувам кој е во многу мал број, да се обидат сами да го отстранат. Само на тој начин ќе се заштитат себеси од неоснованите критики, но и од обидот за евентуални влијанија изјави Дамева

Дамева која останува член на советот уште една година рече дека ке продолжи да се залага граѓаните да добијат побрза и поефикасна правда но и за да бидат санкционирани нечесните  и несовесни судии.

Се спротивставив на тогашната власт, се спротивставувам и на оваа власт. И токму поради тоа за да се зачува независноста на судството, да се успее во заложбите на Советот, да се подобри целосно состојбата во Советот и судството, останувам како член на Советот.Секако, доколку тоа не ми биде скратено. После се, особено после оние директни закани од страна на пратеник во Собранието, нема да ме изненади дека тука ќе се запре и убедена сум дека нема да имам мир. Само ќе останам љубопитна да видам на кој начин и преку која институција ќе се спроведе тоа. Тоа ќе го издржам, но нема да можам да издржам ако се посегне побезбедноста и сигурноста на моето семејство, мојата ќерка и мојот сопруг,  изјави Дамева 

Обвинувањата од  пратеникот Милошоски дека незаконски и продолжен мандатот смета дека е обид да се доведат граѓаните во заблуда кога и експертите потврдиле дека мандатот требало да и трае уште 8 месеци онолку колку што беше незаконско одалечена од функцијата.

Во получасовното обраќање ги истакна и скратените  финансии и немањето согласност за нови вработувања. Рече дека дека најтешко и паднале нарачаните текстови на одредени портали за да биде оцрнета и прикажана дека врши влијание врз судски постпаки со  што и нејзиното семејство било инволвирано во манипулациите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе