Вести Македонија Најважни

Битола се справува со штетите од синоќешното силно невреме

Битола денеска се справува со огромните последици што ги предизвика ветрот, кој вчера дуваше со брзина од над 70 километри на час. Денеска се расчистуваат, но и се сумираат штетите, кои граѓаните се уште ги пријавуваат.

Најдраматично е кај семејствата кои останаа без покрив над глава, откако ветерот урна над 10 покривни конструкции на згради и куќи низ Битола, кои за среќа не повредија никого, но уништија над 50 возила на повеќе локации.

Најсилните удари беа после 15 часот вчера, а граѓаните панично бегаа за да не настрадаат во оваа елементарна непогода.

Страшно беше, нова зграда, цела летна,  а сега им врне дома на луѓето. На син ми му ја уништи колата, вели битолчанка.

Битолчани сѐ уште вознемирени од она што го доживејаа вчера, го отворија и прашањето за безбедноста на градбите и доградбите на зградите. Велат среќна околност е што вчера никој сериозно не настрада при ова невреме.

Низ прозорец гледав како леташе лим, зафатени со штички и шрафчиња. Никва заштита и безбедност. Горе прокиснува од сите страни, луѓето не можат дома да седат, не знам како оваа зграда имала технички прием, вели битолчанка.

Ветерот корнеше дрвја и бандери, кои блокираа улици и паѓаа врз паркирани автомобили, а направи и проблеми во водоснабдувањето во Брусничка населба во Битола, која остана без вода, а денеска е отстранет.

Ветрот предизвика и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а на многу локации низ градот имаше искинати жици и искрење на инсталацијата. Без струја повеќе од 10 часа  останаа неколку населби во Битола и десетици села. На бројните поплаки на граѓаните, од ЕВН велат дека нивните екипи се на терен и интензивно работат на санирање на состојбта.

Вчерашното невреме предизвика штети на повеќе локации во Битола. Екипите на Електродистрибуција се целосно мобилизирани и без прекин работат на отстранување на дефекти на среднонапонска и нисконапонска мрежа .Компанијата соработува со сите засегнати институции со цел отстранување на сите дефекти во најбрз можен рок, соопштија од ЕВН.

Екипите на јавните претпријатија и противпожарната единица на терен излегоа уште вчера, иако беше ризично да се интервенира. И денеска се работеше на санирање на последиците.

 ТППЕ веднаш излезе во санирање на покривните конструкции, синоќа не можеше да се интервенира, сега екипите на Комуналец до доцна синоќа работае и во текот на денот работата на санирање на состојбата. И јас синоќа бев присутен каде падна покривната конструкција, тешко беше да се интервенира и да се пристапи, вели градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Од невреме вчера беше погоден и Штип. Од ЦУК информираат дека како последица на силниот ветер на повеќе место се забележани оштетувања на електрични столбови, покривни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили.

Противпожарната единца интервенираше за отстранување на паднати дрвја во градот и селата, откачени церади, откорнати делови од покривни конструкци.

Ветрот оштети дел од покривот на средното електро-машинско училиште во Штип, но немаше повредени ученици и наставници, ниту предизвика прекин во наставата.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе