Утрово Скопје се разбуди во тотален хаос откако вчера поради недостиг на гориво крахираше јавниот сообраќаен превоз.
Граѓаните оставени сами на себе да се снаоѓаат денеска како ќе стигнат на своите работни места.
Проблемот кој тлее одамна кулминираше со повлекување на автобусите од улиците.
ЈСП утрово на терен излезе со само 40 автобуси со погон на метан останатите кои возат на дизел гориво останаа паркирани.
За вестите во 12 и 30 за Тв Телма се јави Тамара Марковска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
