Откази за 15 полициски функционери поради незаконско издавање дозволи за оружје.
Комисијата за ревизија на Министерството за внатрешни работи утврдила дека овозможувале поседување оружје на лица кои не ги исполнувале законските услови.
Тошковски потврди дека во моментот се водат дополнителни истраги.
Според него тие издавале дозволи на лица кои не исполнувале услови, а ваквото право им го ускратувале на лица кои исполнувале услови.
Тошковски најави дека во иднина издавањето на дозволи за поседување на оружје ќе биде поедноставен, а најголем дел ќе биде и електронски.
Оние кои аплицирале за дозвола ќе мора да го сторат тоа повторно.
