Вести Македонија Најважни

Никој од семејството Ѓорчевски не го познавале Палевски – продолжи судењето за грабнувањето и убиството на Вања

Никој од семејството Ѓорчевски не го познавал Љупчо Палевски Палчо, а не го познавал ни Александар, сведочеа денеска пред Кривичност суд, неговиот татко, мајка, сестра и внук. Сите потврдија дека Ѓорчевски, кој е обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања, иако бил невработен во тоа време, никогаш немал долгови. Пред 25 до 30 години бил на лечење од зависност од дрога, пред да се ожени со Зорица, а тоа го знаела и таа и нејзиното семејство.

Ивана Ѓорчевска, мајката на Александар, со која живеел сведочеше дека била присутна кога Александар на 27 ноември, минатата година добил повик од Зорица и разговорот го слушнала на спикерфон. Зорица кажала дека Вања ја нема на училиште, а Александар веднаш се облекол и излегол од дома.

Неговата сестра Оли Нешковиќ, пак, кажа дека по исчезнувањето сите биле во паника, но сите се согласиле дека Вања самоволно не си отишла од дома.

Неговиот внук Иво Нешковиќ откри дека Ѓорчевски имал обезбедено нова работа која требало да ја започне на почетокот на годинава и дека му дал 30.000 денари за помош додека не ја земе првата плата. Александар од него побарал да му пише на Илон Маск со цел да обезбеди сателитски снимки. Иако Нешковиќ знаел дека тоа е нереално, му пишал на Маск со цел да го смири Александар, бидејќи, како што рече, неговиот вујко бил избезумен.

Инаку, обвинителството сите од семејството ги праша која им е врската со Трајковски и сите потврдија дека се работи за старо кумство, но дека Александар и Гоце не биле во контакт повеќе од 10 години. Трајковски не дојде да сведочи поради здравствени причини, бидејќи имал паничен напад и висок крвен притисок, а во судницата беше неговата мајка Кираца.

Таа всушност му рекла на Гоце да му помогне на Александар, откако видела на Фејсбук дека Вања е исчезната. Трајковска раскажа како од нејзиниот син ја добила сликата за сомнително возило покрај зградата на „Наум Наумовски Борче“, откако сфатиле дека Вања ја нема на камерите и дека не можела да замине некаде пеш.

Благодарение на нејзината интуиција, како што рече, откако слушнала дека исчезнал и Панче Жежовски, се посомневала во некаква поврзаност. Од роднини од Велес се информирала дека исчезнало и неговото возило, кое одговарало на тоа од описот на сликата и всушност се сомневале дека можеби Жежовски ја грабнал.

Палевски ќе ја праша Трајковска дали нејзиниот син и кажал на полицијата дека Ѓорчевски е еден од основачите на партијата „Десна“, бидејќи такво нешто стоело во доказите за случајот. На што таа што ќе одговори дека не знае.

А, ова беше новина и за Туфегџиќ.

Инаку Палевски на Трајковска и е зет за втора братучетка и се знаеле одамна. На негово прашање дали верува дека ја убил Вања, таа одговори не и дека причината е за пари, исто така, на Трајковска не и е веројатно. Исто така пред судот кажа и дека ни Александар, ни некој од семејството на Зорица го познавал Палевски.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Sasko Dimovski

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе