Шпанија се подготвува за нови дождови. Националната метеоролошка служба објави црвен и портокалов аларм за тешко погодените подрачја Валенсија и Кастелјон. Иако не се очекува дождовите да бидат силни како што беа, сепак претставуваат проблем за населението од причина што почвата е веќе заситена и може да доведат до нови поплави.
Поплавите што оваа недела го погодија југоистокот на Шпанија ја донесоа и најголемата катастрофа во земјата во последните пет децении. Но, однесоа и најмалку 158 човечки животи, а спасувачките екипи сè уште трагаат по повредени или исчезнати лица.
