Вести Македонија Топ вести

Три лица загинаа кај тунелот Катланово откако се преврте комбе

Три лица загинаа, а петмина се повредени кај тунелот Катланово откако се преврте комбе на автопатот Скопје кон Велес. Несреќата се случила попладнево во 17:45 соопштија од МВР. Повредените се префрлени во болница.

Дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидните екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа.

Повикан е ѝ сообраќаен вештак за утврдување на причините. Меѓу првите кои укажале помош биле две екипи на Брза помош од Скопје и една од Велес. Допрва ќе се утврдуваат околностите и точните причини за оваа стравична несреќа.

На автопатот се создадоа огромни колони поради блокирање на сообраќајот, а возилата се пренасочуваат по стариот пат од Петровец до Велес. На располагање е и опцијата Миладиновци – Свети Николе – Штип – Велес.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Британскиот премиер Стармер, без да го именува Џ.Д Венс, ги критикуваше „луѓето кои се мешаат во нашата демократија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе