Вести Македонија Најважни

Одложено судењето за убиството на Вања и Панче -обвинетиот Видевски во тешка здраствена состојба

Одложено е судењето за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес затоа што еден од обвинетите, Боре Видевски е хоспитализиран на Клиниката за нефрологија.

„ЈЗУ Универзитетска клиника за Нефрологија – Скопје на 2.10.2024 година го извести Основниот кривичен суд Скопје, дека притвореникот Б.В., кој е еден од обвинетите во предметот, од КПУ Затвор Скопје е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника заради влошена здравствена состојба. Имајќи го предвид известувањето, а заради економичност и ефикасност на постапката, расправите насрочени за 7 и 9 октомври 2024 година ќе бидат отповикани, а судењето ќе продолжи на следниот, веќе насрочен термин, на 14.10.2024 година во 10:00 часот, за што странките во постапката се веќе известени“, соопшти Кривичниот суд.

На следното рочиште треба да сведочи мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска.

На првото рочиште обвинетите ЉупчоПалевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се изјаснија дека не се виновни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Започнува „меко“ хиперхлорирање на водата во Гостивар

Sonja Petrusevska

Непочитување на препораките во Гостивар носи ризик од појава на Хепатит А и други заболувања, предупредува доктор Кочински од ИЈЗ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе